Агенцијата за млади и спорт испрати соопштение до јавноста во кое информира дека согласно одлуката на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочна постапка, Решението за усогласување на Статутот на Фудбалската федерација на Македонија со Законот за спорт е правосилно и извршно, и ФФМ мора да го усогласи актуелниот Статут, којшто е спротивен на Законот за спорт и со позитивното право.
Агенцијата за млади и спорт постапуваќи согласно своите надлежности и овластувања ја информира јавноста за следното:
Како орган на државната управа надлежен за работите од областа на спортот во Република Северна Македонија при извршен инспекциски надзор во Фудбалската федерација на Македонија (решение ИП1 бр.14-182/2 од 21.01.2019 година) утврдени се низа неправилности спротивно на Законот за спорт
(„Службен весник на Република Македонија“ бр.29/02, 66/04, 81/08, 18/11, 51/11, 64/12, 148/13, 187/13, 42/14, 138/14,177/14, 72/15, 153/5, 6/16, 55/16, 61/16, 106/16, 190/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ 98/19 и 244/19), пред се непочитување на Член 14-а, став 1, Член 82, Член 11, став 1 и став 9, Член 14 став 4 и став 5 и позитивното право во државата и истите беа доставени за отстранување до Федерацијата. Решението беше обжалено од страна на Фудбалска федерација и после сите институционални и законски процедури и рокови, жалбата беше отфрлена како неоснована од страна на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочна постапка, со што Решението стана правосилно и извршно, и против него не е дозволена жалба.
Имајќи предвид дека и по предвидениот рок за постапување по Решението коешто се однесува на усогласување на Статутот на федерацијата со Законот за спорт, Фудбалската федерација не постапи согласно наводите и диспозитивот на решението, туку спротивно на тоа продолжи да функционира со истиот Статут, којшто е спротивен на Законот за спорт и со позитивното право, и спротивно на решението донесено од Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочна постапка.
Имено, во овој период кога истекува мандатот на функционерите во ФФМ (делегати, членови на УО и застапникот) започнати се активности со цел одржување изборно Собрание, коешто е спротивно на Законот за спорт и позитивното право во државата.
Агенцијата за млади и спорт како орган на државната управа, надлежен за работите од областа на спортот, презема активности и дејствија согласно горенаведеното Решение и од сите спортски субјекти бара безусловно почитување на позитивните прописи, и нема да дозволи и нема да толерира непочитување и постапување спротивно на она што налагаат одредбите од Законот за спорт.
За сите понатамошни активности на Агенцијата за млади и спорт кои ќе бидат преземени согласно Законот за спорт и позитивното право во државата, целата спортска јавност ќе биде благовремена известена.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski