Општински Фудбалски Сојуз Струмица вечерва одржа собрание, но донесе одлука да не предложи делeгати кои би учествувале на престојното Изборно собрание на ФФМ кое е закажано за 14. март во Скопје.
На собранието на ОФС Струмица на кое од регистрирани 47 присуствуваа 46 делегати од струмичко – радовишкиот регион довербата за нов мандат за претседател повторно му ја дадоа на Ѓорѓи Гоцевски, но не изгласаа кандидати за најавеното изборно собрание на ФФМ идниот месец.
Југослав Тренчовски при изборот на делегати за Собранието на ФФМ даде предлог да не се номинираат, со оглед дека Статутот на ФФМ не е усогласен согласно Законот за спорт. Предлогот беше прифатен со 42 гласа, а против се изјаснија четири делегати.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal













