Баерн Минхен славеше на гостувањето против Аугсбург со 2-3, уште еден натпревар на кој баварскиот гигант не можеше да смета на помошта на Арјен Робен. Холандскиот ас подолго време е надвор од терените, се мачи на мистериозна повреда за која лекарскиот тим не може да најде лек.
„Се уште не е добро. Се обидувавме со најразлични третмани, но тоа е главната главоболка, што не знаеме што точно е проблемот, не знаеме што треба да се лечи. Два пати бев блиску до камбек, но повторно почувствував силна болка со која се вратив два чекори наназад. Никој не знае кога ќе можам да се вратам назад на терените“ – истакна Робен.
Холандскиот интернационалец сигурно ќе го пропушти првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против Ливерпул.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Харви Барнс го урна Сити (ВИДЕО)













