Манчестер Јунајтед повторно го освои Париз совладувајќи го ПСЖ со 1-2 и направи голем чекор уште на стартот од новото издание на Лигата на шампионите. Бруно Фернандеш од пенал и тоа од повторен обид, откако Кејлор Навас одбрани, но излегол предвреме од гол-линијата, и Маркус Рашфорд беа стрелци на головите за „црвените ѓаволи“. Марсијал постигна автогол за ПСЖ да израмни на стартот од вториот дел.
Барселона со 5-1 го совлада Ференцварош. Серијата голови ја отвори Лионел Меси од пенал, погодија Ансу Фати, Кутињо, Педри и Дембеле. Каталонскиот тим од 70.минута беше со играч помалку откако исклучен беше Жерар Пике, а Каратин од пенал го постигна почесниот погодок за унгарскиот тим.
Лацио ја совлада Борусија Дортмунд со 3-1. Чиро Имобиле стрелаше прв, Хиц лошо реагираше за 2-0 за „лацијалите“, а Акпа Акпро го постигна третиот гол за италијанскиот состав. Ерлинг Халанд ја затресе мрежата на домаќинот, но триумфот е за Лацио.
Со двата гола на Анхелињо, Лајпциг го доби Башакшехир со 2-0, а Челси и Севилја ремизираа без голови на „Стемфорд бриџ“. Рен и Краснодар одиграа 1-1.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal