
Реал Мадрид е во „црна“ резултатска серија, но Флорентино Перез верува во Зинедин Зидан. Иако дел од медиумите шпекулираат дека пораз на „Камп Ноу“ во големото дерби против Барселона би значел и отказ за Французинот, сепак, тоа нема да се случи.
Претседателот на „кралскиот клуб“, Флорентино Перез, го посетил тимот кој се наоѓа во карантин во „Валдебебас“ пред „Ел Класико“, им посакал многу среќа на фудбалерите, порачувајќи им дека верува во нив, а на Зидан му напоменал да не се грижи затоа што неговото тренерско столче е сигурно.
Перез е свесен дека ова лето Реал Мадрид не доведе ниедно капитално засилување, а најголем дел од фудбалерите чувствуваат замор поради напорната сезона и исцрпувачките моменти што ги донесе пандемијата на коронавирусот во Шпанија.
И уште нешто, Флорентино Перез му најавил на Зидан да издржи затоа што следното лето на „Сантијаго Бернабеу“ пристигнува Килијан Мбапе како огромно засилување за нападот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Роналдо: Сѐ поблиску сме до Мундијалот

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора
