
Фудбалерот на Хофенхајм, Флоријан Грилиш, беше заменет на полувремето од синоќешниот натпревар против Црвена Звезда во Лигата на Европа, откако добил СМС порака дека неговата сопруга е во болница и се пораѓа. Тој побарал од тренерот Себастијан Хенес да му дозволи да биде со сопругата и да присуствува на најубавиот чин во животот.
Грилиш до тој момент беше еден од најдобрите фудбалери на Хофенхајм на теренот, но веднаш доби дозвола од тренерот Хенес да замине во болницата.
„За таа замена нема потреба ниту да разговараме. Некои работи во животот секако имаат приоритет. Само се надеваме дека Грилиш и сопругата ќе добијат здраво „Европа лига“ бебе“, изјави по мечот тренерот на Фофенхајм.
Германскиот тим во второто полувреме постигна два гола и го доби мечот против Црвена Звезда со 2-0.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Роналдо: Сѐ поблиску сме до Мундијалот

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора
