
Барселона е во клупски хаос, фудбалерите се незадоволни од односот на раководството кон нив, но тоа нема да влијае на подготовката во пресрет на утрешниот мегадуел со најголемиот ривал Реал Мадрид, популарното „Ел Класико“ кое ќе се одигра на „Камп Ноу“. Жерар Пике јавно кажа дека Хозеп Мариа Бартомеу не заслужува да биде претседател на Барселона, војна одамна води и Лионел Меси и беше подготвен да си замине, но дербито со Реал Мадрид е сепак друга димензија.
„Клупските караници нема да влијаат на приодот кон „Ел Класико“. Фудбалерите се свесни за каков меч станува збор, сите се искусни, дури и оние најмладите, и се фокусирани на претстојното дерби. Веруваме во нашиот квалитет, се надеваме на успех и ќе сториме се за да славиме. „Ел Класико“ секогаш е посебен натпревар, така беше уште кога јас играв во Барселона“, изјави Роналд Куман, тренерот на каталонскиот гигант на прес-конференцијата во пресрет на утрешниот фудбалски спектакл.
Медиумите најавуваат и дека Антоан Гризман сигурно ќе биде стартер на утрешното дерби, заедно со Лионел Меси и со Ансу Фати во нападот на Барселона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике

Евро-фудбал
Спалети пред отказ по дебаклот против Норвешка
