Connect with us

Лестер го тресна Тотенхем во Лондон и се искачи на второто место (ВИДЕО)

Лестер не се шегува, дојде во Лондон и го победи Тотенхем на Жозе Мурињо со 0-2. Со овој триумф стигна до 27 бода и се искачи на втората позиција на табелата во Премиер – лигата, четири помалку од лидерот Ливерпул.

Џејми Варди на самиот истек од првото полувреме донесе предност за Лестер откако реализираше пенал. Во второто полувреме, Тоби Алдерверелд си постигна автогол и го трасираше патот до триумфот на „лисиците“. 

Брајтон и Шефилд Јунајтед претходно ремизираа 1-1. 

   

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови