Connect with us

„Граѓаните“ убедливи против Кристал Палас, Астон Вила направи голем пресврт (ВИДЕО)

Манчестер Сити сигурно славеше на гостувањето кај Кристал Палас со 0-3 во 16. коло од Премиер – лигата и повторно се доближи на само два бода до лидерот Арсенал.

Тимот на Пеп Гвардиола целосно ја контролираше играта, а победата ја обезбедија Ерлинг Халанд и Фил Фоден. Норвешкиот голгетер беше двоен стрелец – по еднаш во секое полувреме, а точка на натпреварот стави во 88. минута, кога беше прецизен од пенал за конечни 0-3.

Со оваа победа Манчестер Сити стигна до 34 бодови, а во следното коло ќе го пречека Вест Хем на „Етихад“. Кристал Палас, пак, ќе гостува кај Лидс Јунајтед.

Нотингам Форест приреди изненадување и со убедливи 3-0 го совлада Тотенхем, додека Сандерленд минимално славеше над Њукасл со 1-0.

Астон Вила пак стигна до голема пресврт-победа на гостувањето кај Вест Хем, триумфирајќи со 2-3. Домаќините водеа по првото полувреме со головите на Матеуш Фернандеш и Џарод Боувен, но Вила во продолжението направи целосен пресврт преку два погодоци на Морган Роџерс и автоголот на Константинос Мавропанос.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови