Connect with us

Мојсов: Тиквеш е во добра серија, така нека остане и по овој дуел

Тиквеш денеска на свој терен во рамките од новото и воедно последно коло од ПМФЛ шампионатот на свој терен ќе го пречека тимот на Струга ТЛ.

Кавадарчани во добар стил ја завршуваат есенската полусезона откако се мачеа резултатски и играчки на почетокот. Со доаѓањето на Борче Христов на кормилото, нештата се подобрија иво Кавадарци се радуваа на девет бода од последните четири мечеви.

Тоа секако дека е позитивно делува на се, пред се на тимот.

„Да, јасно беше дека Тиквеш има далеку повеќе квалитет и капацитет како екипа од резултатите на почетокот. Ете, на крајот од есенскиот дел од шампионатот доаѓаме до посакуваните резултати и игри. Струга ТЛ е квалитетен тим, тим кој што е во топ три екипите во лигата, има многу што да понуди на терен, но имаме и ние. Подготвени сме во добар стил да ја завршиме полусезоната, и со уште повеќе бодови на контото да заминеме на одмор“ – вели искусниот Даниел Мојсов.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови