Во домашниот фудбалски шампионат денеска ќе биде позната водечката екипа по првиот дел од првенството. Лидерот, екипата на Вардар денеска го игра својот последен дуел есенва, кој што е дел од 16. Коло од ПМФЛ шампионатот, и евентуалниот триумф против тимот на Македонија ЃП на гостински терен од 13:00 часот значи презимување на лидерската позиција.
Секако, од „сенка“ чека тимот на Струга ТЛ кој што чека кикс на Вардар, но тоа го прави на гостувањето кај Тиквеш во Кавадарци во истиот термин.
„Свесни сме за ситуацијата во која што се наоѓаме. Знаеме добро што значи овој дуел за клубот, за нас како екипа, за навивачите, за сите. Затоа сме максимално подготвени. Нема дилеми дека во овој дуел ќе се влезе како да играме финале. Многу нешта зависат од овие деведесет минути. Не е важно што играме против Македонија ЃП. Исто ќе се однесувавме и да беше било кој друг тим. Овој Вардар покажа дека заслужува да биде на врвот, да биде лидер, да биде најдобар, затоа што во изминатите 15. Кола од оваа полусезона и беше тоа. Најдобар, лидер, покажа најмногу. Одиме денеска по победа па на заслужен одмор“ – изјави голманот на Вардар, Давор Талески.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Вест Хем освои бод на „Олд Трафорд“ (ВИДЕО)
Интернационалци
Серафимов си постигна автогол
Млади репрезентации
Македонија У20 подобра од Лихтенштајн: Данев постигна два гола













