Connect with us

Јевтоски: Струга ТЛ посакува победа и во Кавадарци

Фудбалерите на Струга Трим Лум се во победничка серија и се надеваат дека ќе ја продолжат и на денешното гостување против Тиквеш во Кавадарци. На последните натпревари, во одлична форма игра Стефан Јевтоски, кој заедно со капитенот Буњамин Шабани и Бесмир Бојку, го сочинува „моторот“ на тимот на средината на теренот.

„Имаме серија победи, за која верувам дека ќе продолжи и во Кавадарци. Во моментов мислам дека сме најдобриот тим во лигата, па така, како и на секој друг натпревар, и против Тиквеш ќе играме за трите бода“, изјави Стефан Јевтоски.

Тој беше стрелец на натпреварите против Работнички и Башкими, па желбата на Јевтоски е да постигне гол и денеска против Тиквеш, иако признава дека тоа е помалку важно во споредба со трите бода што треба да и освои тимот.

„Головите се само награда за добрата работа што ја правиме на теренот. Секако дека би сакал повторно да постигнам гол, но разбирливо е дека најважни се трите поени од ова гостување“, додаде Јевтоски.

Натпреварот меѓу Тиквеш и Струга Трим Лум се игра денеска, со почеток од 13 часот, на Градскиот стадион во Кавадарци.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови