Connect with us

Емануел Пети: Барселона е како казино, не може да ја освои Лигата на шампионите со таа одбрана

Светскиот шампион со Франција, Емануел Пети, изјави дека Барселона не може да ја освои Лигата на шампионите со составот што го има и со начинот на кој игра. Минатата сезона каталонците беа блиску до финале во турнирот, но драматично испаднаа од Интер во полуфиналето. Во тековната сезона во ЛШ, тимот на Ханси Флик претрпе порази од Пари Сен Жермен и Челси и ремизираше со Бриж.

„Барса може да се бори за титулата во Ла Лига, но не и во Лигата на шампионите. Дали некој верува дека тие можат да го освојат трофејот со оваа одбрана? Невозможно. Го видовме тоа против Интер. Како можеш да примиш седум гола во полуфинале од Лигата на шампионите?“, праша Пети, кој играше во Барселона на почетокот на векот.

„Барселона е како казино. Сè ставиле на Ламин Јамал. Тие имаат квалитетни играчи, но не и од светска класа, како Лео Меси. Ламин не може сам да ја освои Лигата на шампионите. Со сета почит, Меси немаше да го направи тоа без Чави, Иниеста, Пујол. Сега сè зависи од Јамал“, продолжи Французинот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови