Наполи одигра импресивно дерби против Аталанта и со триумфот од 3-1 се искачи на врвот на табелата со 25 бода.
Сѐ беше решено за едно полувреме.
Првиот погодок го постигна Давид Нерес во 17. минута, а истиот играч повторно погоди во 38. минута. Пред крајот на првото полувреме Ланг ја зголеми предноста на 3-0.
Во второто полувреме Аталанта успеа да намали со погодок на Скамака, но беше далеку од израмнување.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас пред натпреварот доби плакета за својот 200. настап за Наполи, а влезе на терен во 68. минута на местото на Ланг.
Со оваа победа, Наполи се издвои на врвот во Серија А со 25 бода, додека Интер, Рома и Болоња имаат по 24, а Милан е петти со 22 бода.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Хуго Дуро со „ножички“ го исече Леванте (ВИДЕО)













