Connect with us

Немања Гудељ на зима се сели во Серија А?

Немања Гудељ би можел веќе оваа зима да ја напушти Севилја. Во клубот е од 2019 година, кога дојде од кинескиот Гвангжу Евергранде како слободен играч. Сега тимот од Андалузија ќе има шанса и да заработи, ако го продаде пред истекот на договорот следното лето.

Српскиот репрезентативец беше поврзуван со трансфер во Саудиска Арабија, но, сепак, од Италија доаѓаат поинакви вести.

Српскиот репрезентативец Немања Гудељ е желба на Џенова.

Играчот за врска во тековната сезона одигра 10 натпревари во Ла Лига во дресот на Севилја и постигна еден гол.


Џенова моментно се бори за опстанок во Серија А и во овој момент е првиот тим под црвената линија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови