Заврши репрезентативната пауза, а продолжува домашниот шампионат во Првата лига. Во Струмица денеска гостува Вардар, на дуел против Брера, и во пресметка која за овие два тима има дијаметрално спротивно значење.
Брера едноставно сезонава сака да обезбеди опстанок, и мирен финиш на сезоната, а за Вардар секое реми, односно ако не победи, значи проблем за неговите нескриени шампионски амбиции.
„Добро работевме во текот на оваа мини репрезентативна пауза. Подготвени сме за трите последни мечеви од есенскиот дел од шампионатот. Целта секако е јасна, во стил да ја завршиме оваа одлична година за нас. Денеска нѐ чека тежок натпревар. Брера не е тим кој треба да се потцени, и нејзиното место на табелата не дава реална слика за силата на овој тим. Тие неколку пати сезонава покажаа против повеќе екипи дека се страшно незгодни. Сепак, ако ние сме вистинските денеска, Вардар е тој што ќе се радува во Струмица. Сѐ зависи од нас“, изјави фудбалерот за врска, Немања Босанчиќ.
Натпреварот меѓу Брера и Вардар се игра од 13 часот на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Немања Гудељ на зима се сели во Серија А?
Евро-фудбал
Арсенал сака да го купи Кенан Јилдиз
Евро-фудбал
Баерн и Сити во трка за дефанзивец на Феенорд













