Connect with us

Линекер не верува дека Англија е прв фаворит за титулата на СП 2026

Прославениот напаѓач на англиската репрезентација, Гери Линекер, го коментираше прашањето за главните фаворити за освојување на Светското првенство во 2026 година.

„Шпанија е еден од главните кандидати. Тие имаат фантастичен тим. Англија има многу добри играчи и шанси, но, како што знаеме, за нашата земја е многу тешко да го освои Светското првенство“, истакна Линекер.

„Мислам дека и Франција и Аргентина исто така имаат свои шанси. Не треба да забораваме дека Меси сè уште е во форма и игра на многу високо ниво“, истакна некогашниот врвен голгетер, кој сега работи како ТВ аналитичар.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови