Connect with us

Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија

Фудбалската репрезентација на Македонија до 19 години го забележа својот втор пораз во квалификациите за Европското првенство, откако на турнирот во Португалија денеска беше поразена од домаќинот со убедливи 4-1.

Португалците рано ја преземаа иницијативата – Патрао донесе водство од 1-0 уште во 6. минута. Силва во 26. минута ја зголеми предноста на 2-0, а пред крајот на првото полувреме Соареш погоди и за 3-0.

Во вториот дел Тровиско се потруди и за 4-0 во 66. минута, а нашите надежи успеаја да постигнат почесен погодок преку Шаботиќ во 71. минута, поставувајќи го конечниот резултат 4-1.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови