Connect with us

Македонија со реми против Велс во Кардиф ќе го освои второто место и ќе игра бараж преку мундијалските квалификации

По одигрувањето на дуелот меѓу Лихтенштајн и Велс, конечно се расчисти сликата околу тоа што ѝ е потребно на Македонија во Кардиф за да се пласира во баражот за СП 2026 преку квалификациите.

Со реми против Велс, Македонија ќе го освои второто место и ќе оди во бараж преку мундијалските квалификации. Покрај ова, Велшаните ќе бидат ослабени и со неиграњето на капитенот Етан Ампаду од Лидс Јунајтед и денешниот стрелец Џордан Џејмс од Лестер.

Лихтенштајн покажа завидна борбеност и со цврста одбрана успеа да издржи едно полувреме, но во продолжението сепак капитулираше и загуби со минимални 0-1. Иако Велс славеше, овој резултат не ја менува состојбата на табелата – за да ја поминат Македонија, им беше потребна победа од најмалку шест голове разлика, нешто што вечерва беше далеку од реалноста.

Стрелец на единствениот погодок во Вадуц беше Џордан Џејмс во 62. минута, а претходно, во првиот дел, Велс остана без гол поради интервенција на ВАР.

И двете селекции – Македонија и Велс – имаат по 13 бодови, но избраниците на Благоја Милевски ја чуваат предноста благодарение на далеку подобрата гол-разлика: +9 наспроти +4 кај Велс. Македонија, со тоа, ја има ситуацијата под контрола во пресрет на решавачкиот дуел во Кардиф.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови