Connect with us

Чаби Алонсо би се откажал и од Родриго и од Винисиус, само да го купи Кенан Јилдиз

Чаби Алонсо, тренерот на Реал Мадрид, јасно стави до знаење дека сака ново засилување во јануари.

Шпанскиот стручњак му порача на претседателот на клубот, Флорентино Перез, дека е подготвен да се откаже од Родриго и Винисиус Жуниор за да доведе ѕвезда од Серија А во својот тим.

Кенан Јилдиз игра фантастично за Јувентус оваа сезона, но преговорите за нов договор застанаа во ќор-сокак. Турчинот моментално заработува 1,5 милиони евра, а бара шест милиони евра годишно, додека Јувентус му нуди помалку од пет милиони.

Јилдиз смета дека заслужува барем плата како Бремер (шест милиони) и многу веројатно „старата дама“ нема да одбие понуда од 100 милиони евра, колку што Реал Мадрид е подготвен да плати за неговиот трансфер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови