Легендарниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Ерик Кантона, повторно упати жестока критика кон раководството на клубот. Французинот отворено го нападна курсот што го води новиот косопственик Џим Рeтклиф, обвинувајќи го дека постепено ја уништува идентитетската основа на „црвените ѓаволи“.
Според Кантона, вредностите и стилот што ги постави славниот сер Алекс Фергусон одамна се напуштени.
„Сер Алекс создаде прекрасен офанзивен стил што новите сопственици требаше да го негуваат. Наместо тоа – го уништија“, остро коментира Кантона.
Тој откри дека дури се понудил да помогне, но бил игнориран.
„Имам многу други проекти и страсти, но мислев дека две-три години можам да ги ставам на пауза и да му вратам нешто на клубот што ми даде сè. Но тие не покажаа интерес. Јас го направив својот дел, па немам никаква вина“, додаде Французинот.
Поранешниот капитен на Јунајтед го посочи и отстранувањето на клучни личности, па дури и непочитувањето кон историјата како сериозен проблем.
„Откако Ретклиф дојде, сè е свртено наопаку. Тој не сакаше да го задржи сер Алекс Фергусон како амбасадор. А тој е повеќе од легенда – тој е душата на клубот“, истакна Кантона.
Најголемото негово разочарување се однесува на идејата за можен нов стадион.
„Овој управувачки тим уништува сè. Немаат почит кон никого. Дури размислуваат да го сменат стадионот – а тоа е светилиштето на клубот. Арсенал ја загуби душата кога го напушти ‘Хајбери’. Замислете Ливерпул да игра на друго место освен ‘Енфилд’? Незамисливо е. Исто така, Манчестер Јунајтед не смее да игра никаде освен на ‘Олд Трафорд’“, порача Кантона.
На крајот, тој со горчина признава дека економските интереси можеби денес имаат предност над традицијата.
„Можеби ние сме сонувачи, а ова е работа на економија и стратегија. Го мразам тоа, ги мразам ваквите одлуки“, заклучи Кантона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси ја сака младата ѕвезда на Реал Мадрид
Евро-фудбал
Претседателот на Наполи ги нападна УЕФА и ФИФА
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













