Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, жестоко ги нападна УЕФА и ФИФА поради серијата повреди што ги зафатија играчите на клубот за време на настапите за нивните репрезентации.
„Вака повеќе не може. Ние им ги плаќаме платите, а тие ни се враќаат половично скршени“, изјави бесниот Де Лаурентис.
Наполи сезонава нема никаква среќа со повредите, Ромелу Лукаку и Кевин де Бруин веќе подолго време се надвор од терен поради скинати мускулни влакна, а најнов удар е сериозната повреда на Андре-Франк Замбо Ангиса. Камерунецот исто така се здобил со сериозна повреда на мускулот за време на репрезентативниот камп и според прогнозите нема да се врати во игра до 2026 година.
„Го дадов Рахмани на Албанија и ми се врати скршен. Ангиса исто така се врати скршен“, изјави Де Лаурентис.
Првиот човек на Наполи понуди и конкретни решенија, предупредувајќи дека фудбалските власти го игнорираат проблемот.
„Не може вака. Клупските натпреварувања мора да се играат без прекини, потребни се помалку тимови и помалку натпревари“, истакна тој.
Де Лаурентис смета дека клубовите треба да имаат последен збор дали нивните фудбалери ќе бидат пуштени на репрезентативни акции. Тој предложи и радикална новина – воведување итен трансфер-период. Ако играч се повреди во дресот на репрезентацијата, клубот да може веднаш да доведе замена. Според него, сегашниот систем ги оштетува клубовите кои инвестираат големи суми во своите фудбалери.
„Ние ги плаќаме играчите, па логично е клубовите да одлучуваат дали ќе ги пуштат во националниот тим“, нагласи тој.
Де Лаурентис смета дека репрезентативните паузи треба целосно да се укинат во текот на сезоната, а натпреварите на селекциите да се играат само на крајот од сезоната. Иако федерациите исплаќаат одредени компензации за сериозни повреди, идејата за специјален трансфер-прозорец е нова и досега невидена.
„Чувството е дека УЕФА и ФИФА воопшто не се грижат за националните лиги“, заврши разгневениот претседател на Наполи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси ја сака младата ѕвезда на Реал Мадрид
Евро-фудбал
Претседателот на Наполи ги нападна УЕФА и ФИФА
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













