Шокантна информација доаѓа од Мадрид, Флорентино Перез сериозно размислува да се повлече од тронот на „Бернабеу“. Веста прв ја објави шпанскиот новинар Пепе Алварез, повикувајќи се на луѓе блиски до легендарниот претседател на „кралскиот клуб“.
Иако мандатот му трае до 2028 година, Перез планира да се раздели со функцијата во втората половина од 2026. Шпанските медиуми засега не калкулираат со наследници, но упатените уверуваат дека кормилото ќе го преземе некој од неговите најверни соработници – потег што би гарантирал мирна транзиција и континуитет.
78-годишниот Перез одамна планира долгорочна стратегија за иднината на клубот. За 2026 е планиран и референдум за неколку клучни прашања, иако, според Алварез, Перез ќе се повлече независно од исходот.
Флорентино првпат застана на чело на Реал Мадрид во 2000 година и веднаш ја започна славната „галактикос ера“, доведувајќи фудбалски суперѕвезди како Фиго, Зидан, Роналдо и Бекам. По првата етапа која заврши во 2006 година, Перез се врати во 2009 и ја води институцијата Реал до денес.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси ја сака младата ѕвезда на Реал Мадрид
Евро-фудбал
Претседателот на Наполи ги нападна УЕФА и ФИФА
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













