Connect with us

Отворањето на ЕВРО 2028 во Кардиф, финалето на „Вембли“

Првиот натпревар на Европското првенство во 2028 година ќе се одигра во Кардиф одреди УЕФА. Тоа е стадионот на кој Македонија во вторник ќе игра против Велс во завршниот натпревар од квалификациите за СП 2026.


Двете полуфиналиња и финалето на ЕП 2028 ќе се одржат на легендарниот стадион „Вембли“ во Лондон.

Домаќини на турнирот ќе бидат Англија, Шкотска, Велс и Ирска. На првенството ќе учествуваат вкупно 24 репрезентации — 20 преку квалификации (12 победници на групите и осумте најдобри второпласирани селекции). Останатите две места ќе се пополнат преку плејоф во кој ќе настапат деветтата и десеттата второпласирана селекција и двете најдобри репрезентации според пласманот во Лигата на нации.

УЕФА потврди дека првиот натпревар од шампионатот ќе се одигра на стадионот „Принсипалити“ во Кардиф. Четвртфиналните натпревари ќе се играат во Кардиф, на стадионот „Авива“ во Даблин, на „Хемпден Парк“ во Глазгов и на „Вембли“ во Лондон.

Другите стадиони што ќе бидат домаќини на натпревари се: „Етихад“ во Манчестер, „Тотенхем Хотспур Стадиум“ во Лондон, „Вила Парк“ во Бирмингам, новиот стадион на Евертон – „Хил Дикинсон Стадиум“, „Сент Џејмс Парк“ во Њукасл.

Ждрепката за квалификациската рунда ќе се одржи во Белфаст на 6 декември 2026 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови