Connect with us

Барса се врати на победнички колосек со триумфот против Елче (ВИДЕО)

Барселона експресно се врати на победничките патеки по поразот во „Ел Класико“, совладувајќи го Елче со убедливи 3-1 во 11. коло од Ла Лига.

Тимот на Ханси Флик одигра сигурен и убедлив натпревар, целосно контролирајќи го ритамот и покажувајќи ја својата офанзивна моќ. Победата ја обезбедија Ламин Јамал, Феран Торес и Маркус Рашфорд, кои беа прецизни во клучните моменти од мечот.

Јамал и Торес се запишаа меѓу стрелците во првиот дел, додека Рашфорд во 61. минута ја потврди надмоќта на каталонците со трет погодок.


Елче возврати со почесен гол преку Рафа Мир, кој имаше уште неколку можности, но не успеа да ја намали разликата.

Со овој триумф, Барселона ја запиша својата осма победа сезонава и повторно се искачи на второто место на табелата, со пет бода помалку од лидерот Реал Мадрид. Во следното коло, избраниците на Ханси Флик ги очекува гостување кај Селта Виго.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови