Тренерот на Јувентус, Игор Тудор, призна дека неговиот тим се наоѓа во тешка фаза по уште еден натпревар без победа во Италија. Синоќа „старата дама“ беше поразена од Лацио со 0-1 во дербито од Серија А, што значи дека италијанскиот гигант веќе осум натпревари по ред не знае за победа.
„Ова е лош момент, тежок период. Мора да останеме обединети и сите заедно да работиме. Разочарани сме, бидејќи мислам дека се подготвивме како што треба, но секогаш нешто ни недостасува. Стигнуваме до шеснаесетникот, а потоа не ја испраќаме топката во мрежата. Си повторуваме да не правиме грешки, но секогаш некој ќе погреши и губиме натпревари. Се чувствуваме ужасно, но мора да се сплотиме“, изјави Тудор.
Најголемиот проблем на Јувентус е јасен – ова беше четврти натпревар по ред во кој „бјанконерите“ не успеаја да постигнат гол, нешто што не се случило од март 1991 година, во времето на легендарниот, но неуспешен тренер Џиџи Мајфреди.
„Пробавме со двајца напаѓачи од почетокот, потоа со четворица офанзивци – пробавме сè, но очигледно ни недостасува нешто во нападот“, додаде Тудор.
Во моментов, „бјанконерите“ се без победа на осум натпревари во сите натпреварувања, со пет последовни нерешени резултати, по што следуваа три порази по ред – од Комо, Реал Мадрид и Лацио. Тоа е нивната најдолга негативна серија од мај 2009 година.
„Сите сме одговорни. Мора да се обидеме да бидеме подобри и да останеме обединети. Имаме нов натпревар за неколку дена и мислам дека една победа може да нè врати на вистинскиот пат. Проблем е ако ни требаат четворица напаѓачи за да дадеме гол и десет играчи во средниот ред за да се браниме. Проблем е ако секогаш некој прави грешка.“
„Како што реков, нема потреба да правиме драма од ова. Скоро повторно играме и мора да останеме фокусирани“, заврши тренерот на Јувентус.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













