Connect with us

Матиќ: Знаеме што треба да направиме за добар резултат во Тетово

Како круна на десеттото коло во домашното првенство е големото дерби во кое бранителот на титулата Шкендија го пречекува Вардар, меч што ќе се одигра на стадионот во Тетово со почеток од 13:30 часот.

Шкендија е актуелниот шампион, нашиот претставник во главната рунда од Конференциската лига додека Вардар е освојувач на титулата во Купот на Македонија.

Двата тима сезонава имаат отворени амбиции за освојување на титулата, а тоа го покажуваат и преку досегашните резултати во првенството и според местото на табелата во досегашниот дел од сезоната.

Околу тоа што, како и колку може денеска тимот на Вардар, на „жешкиот“ терен на Градскиот стадион во Тетово, зборува столбот на одбраната на „црвено – црните“, хрватскиот интернационалец Мислав Матиќ.

„Нормално дека дуелот против Шкендија на гостински терен со актуелниот првак и учесникот во групната фаза од Лигата на Конференции е голем предизвик. Шкендија има квалитет, тука нема дилеми. Затоа, може слободно да се каже дека на ваков дерби натпревар, мора да си двојно по концентриран, двојно по агресивен и многу побрз за разлика од некои полесни мечеви, ако воопшто има такви“, вели Матиќ.

„Ние секако ќе дадеме се од себе за да дојдеме до позитивен резултат, тука бидете сигурни. Дали ни оди во прилог тоа што Шкендија игра во Европа? Да, мислам дека ни оди. Имаат густ распоред, многу мечеви, но да напоменам, ние премногу и не се оптоваруваме со противникот. Знаеме што треба да направиме за да дојдеме до добар резултат во Тетово, и токму тоа ќе го сториме“, истакнува дефанзивецот на Вардар.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови