Антонио Конте беше полн со емоции по триумфот на неговиот Наполи од 3-1 против Интер во дербито од осмото коло во Серија А. Италијанскиот стратег им оддаде признание на своите фудбалери и не заборави да потсети дека пред неколку години токму тој го врати Скудетото на Интер.
„Јас го доживувам натпреварот со моите играчи — во добро и лошо. Денес игравме против, според мене, најдобриот тим во Италија. Тие имаат состав на сосема различно ниво и не стигнале до финалето на Лигата на шампионите двапати во три години случајно. Можеби некој нè проколнал, но ние продолжуваме напред без разлика на сè“, изјави Конте по мечот.
Тренерот призна дека очекувал тежок натпревар со Интер, кој дојде во серија од седум последовни победи.
„Кога е во таква форма, мораш да го совладаш противникот — во спортска смисла. Но, ние немавме намера да ‘умреме’. Изигравме одличен натпревар и заслужено победивме“, додаде тој.
За време на мечот, Конте доби жолт картон по вербален конфликт со капитенот на Интер, Лаутаро Мартинез.
„Такви работи се случуваат на вакво ниво. Сакам само да потсетам дека јас го вратив Скудетото во Интер по 10 години. Имам добри спомени од тој период. Лаутаро е одличен играч и му посакувам сè најдобро“, рече Конте.
Исто така, Конте коментираше и за решението на Интер да го испрати претседателот Џузепе Марота пред медиумите по поразот.
„Интер го праќа Марота и директорите секогаш кога има можност. Во Наполи јас стојам тука. Екипата треба да разбере зошто загубила, а не да бара алиби. Јас секогаш сам се бранев“, заврши стратегот на Наполи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Барди донесе триумф за Коњаспор (ВИДЕО)













