Челси очигледно има проблеми во одбраната и се чини дека веќе пронајде решение кое планира да го реализира во зимскиот преоден рок.
На нивниот радар е стоперот на Јувентус, Глејсон Бремер, јавуваат англиските медиуми.
Бразилецот од оваа сезона е капитен на „старата дама“ и веќе бил желба на лондонскиот клуб. Иако пред три години, кога Роман Абрамович сè уште беше на чело на Челси, клубот не успеа да го донесе Бремер, сега ситуацијата е поинаква.
Челси е очигледно подготвен да инвестира сериозна сума за засилување на одбраната и решавање на дефанзивните проблеми. Оваа сезона, Бремер има четири настапи, две асистенции и стана клучен играч во тимот на Игор Тудор.
Иако Јуве засега не планира да го продава својот стопер, Челси, според извори, подготвува понуда која ќе биде тешко да се одбие. Според некои информации, цената би можела да изнесува 100 милиони евра, што би го направило Бремер најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот.
Првиот човек на Челси веќе покажа дека парите не се пречка кога станува збор за засилување на тимот, па ќе биде интересно да се види дали овој трансфер навистина ќе се реализира.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи
Евро-фудбал
Челси ја сака младата ѕвезда на Реал Мадрид
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)













