Играчот на Пари Сен Жермен и францускиот репрезентативец Осман Дембеле ја освои престижната „Златна топка“, највисокото индивидуално признание што го доделува „Франс Фудбал“. Дембеле зад себе има извонредна сезона, во која со ПСЖ ја подигна титулата во Лигата на шампионите, како и сите најважни домашни трофеи.
All that maters… 🥺🌕 #ballondor pic.twitter.com/RR4ks0SyW9
— Ballon d'Or (@ballondor) September 22, 2025
Ова е прва „Златна топка“ во неговата кариера.
Осман Дембеле на церемонијата изјави дека е воодушевен и благодарен за признанието:
„Ви благодарам на сите, ова е неверојатно. Сезоната со ПСЖ беше фантастична, доживеав многу, малку сум нервозен, но е прекрасно. Да го освоиш овој трофеј и Роналдињо да ти го врачи е нешто посебно. Сакам да му се заблагодарам на ПСЖ – на претседателот, целиот тим, на клубот кој е како прекрасно семејство. Од првиот ден, претседателот беше многу добар кон мене.
Би сакал да им се заблагодарам и на сите вработени во клубот, како и на Луис Енрике, кој ми е како татко. Тој имаше огромна улога во мојата кариера, а нашата соработка сè уште трае. Благодарност и до соиграчите – освоивме скоро сè заедно. Ова е индивидуална награда, но ја делиме како тим.
Исто така, благодарам и на сите клубови за кои играв – Рен, Дортмунд и Барселона, каде учев покрај играчи како Меси и Иниеста. Ова беше големо искуство. Да го добијам овој трофеј е неверојатно и многу сум среќен.
Благодарност и до новата генерација на француската репрезентација и до селекторот, кој секогаш ме потсетува дека можам да играм за националниот тим. Сакам да им се заблагодарам на сите тренери и се надевам дека ќе триумфираме на Светското првенство следната година.“
Во женска конкуренција, Аитана Бонмати од Барселона триумфираше по трет пат по ред, потврдувајќи ја својата доминација на светската сцена.

Еве го прегледот на добитниците на наградите од 69. церемонија на „Златната топка“:
Најдобар фудбалер: Oсман Дембеле
Најдобра фудбалерка: Аитана Бонмати
Најдобар тренер: Луис Енрике
Најдобар женски тренер: Сарина Вигман
Најдобар млад играч: Ламин Јамал
Најдобра млада фудбалерка: Вики Лопез
Најдобар голман: Џанлуиџи Донарума
Најдобра голманка: Хана Хемптон
Најдобри стрелци: Виктор Ѓокереш и Ева Пајор
Трофеј „Сократес“: Фондасион Ксана
Најдобар машки клуб: ПСЖ
Најдобар женски клуб: Арсенал
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи
Евро-фудбал
Челси ја сака младата ѕвезда на Реал Мадрид
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)













