Connect with us

Сари: Лацио не заслужи пораз на дербито

Тренерот на Лацио, Маурицио Сари, беше категоричен дека неговиот тим незаслужено го загуби градското дерби против Рома со 0-1.


Тој исто така изрази жалење за начинот на кој дојде победничкиот гол на Лоренцо Пелегрини.

„Имавме четири-пет чисти шанси и можевме да го отвориме резултатот уште во првото полувреме. Натпреварот го загубивме поради една несреќна грешка. Ќе видиме дали била техничка или не. Одигравме добар меч, но го загубивме, па жалиме за нашите навивачи кои нè поддржуваа. Жал ми е и за играчите, бидејќи не го заслуживме поразот. Булаје Диа работеше добро на тренинзите оваа недела и затоа беше редно да му дадам шанса како стартер. Тимот создаде неколку прилики, иако ни беше тешко откако примивме гол. Николо Ровела се повреди во првото полувреме, но да искористиме втор прекин за измени уште пред паузата ќе беше преголем ризик, затоа го замолив да издржи до крајот на полувремето. До 38. минута не видов сигнали дека можеме да го загубиме натпреварот“, изјави Сари за „ДАЗН“ по дуелот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови