Тренерот на Интер, Кристијан Киву, беше задоволен од победата над Сасуоло. „Нероаѕурите“ дојдоа до трите бода на „Сан Сиро“ по триумфот со 2-1 и моментално се наоѓаат на 10. место на табелата во Серија А.
„Позитивното е победата. Навистина ни беше потребна и одигравме добар натпревар. Можевме да ја решиме средбата порано, но пред нас стоеше голман (Аријанет Муриќ – н.з.), кој имаше извонреден натпревар“, изјави Киву.
„Кога противникот ќе постигне гол во финишот, тоа неизбежно создава притисок, но ние се обидувавме да го играме нашиот фудбал и да создаваме шанси. Покажавме трпение до самиот крај и тоа е добро. Најважното беше да победиме“, повтори Романецот.
„Сметам дека тимот може да игра уште подобро, можеме побрзо да ја движиме топката, да напаѓаме поефикасно, иако очигледно не е лесно кога противникот се брани длабоко. Покажавме карактер, решителност и вистински пристап. Имавме шанси да ја осигуриме победата порано, но нивниот голман имаше многу добри интервенции“, додаде Киву.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи
Евро-фудбал
Челси ја сака младата ѕвезда на Реал Мадрид
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)













