
Пелистер долго време чекаше на натпревар пред домашната публика, но кога конечно го дочека во петтото коло, не успеа да ја реализира надмоќта во првото полувреме против Арсими. Битолчани еднаш ја погодија стативата, а еднаш пречката од противничкиот гол. На крајот, Арсими го доби мечот во второто полувреме, а домаќините останаа да извлечат поуки од натпреварот кој „им се лизна од рацете“.
Избраниците на Димитар Капинковски во два наврати оваа сезона играа како гости во Скопје и во двата наврати беа поразени, од Вардар (4-1) и Македонија Ѓорче Петров (2-1). За утеха, барем успеаја да ја затресат противничката мрежа.
„Не очекува тежок и неизвесен натпревар против Работнички. Иако нивната позиција на табелата не го покажува вистинскиот квалитет, знаеме дека не чека сериозен предизвик. Ние сме подготвени и физички и психички, веруваме во нашите способности и ќе дадеме сè од себе. Време е да покажеме борбеност и тимски дух и да ги израдуваме нашите навивачи“, изјави Христијан Гроздановски.
Гол-разликата на табелата покажува дека Пелистер се труди на секој натпревар оваа сезона да постигне погодок, но тоа не секогаш е доволно за да се избегне пораз. Работнички, пак, на хартија има уште поголеми проблеми со реализацијата, бидејќи постигна само еден гол во пет настапи, на последниот натпревар со Силекс, кој заврши со победа на тимот од Кратово (3-1).
Традицијата е на страната на Работнички, кој последниве сезони беше поуспешен противник. Последниот триумф на Пелистер датира од 2018 година (на домашен терен), а последната гостинска победа во Скопје од 2016 година. Во последните десет години, двапати играа без голови – по еднаш во Скопје и во Битола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами
