
Работнички сѐ уште нема победа во првенството по четири натпревари, има и еден одложен меч со шампионот Шкендија, а тоа дефинитивно не се совпаѓа со желбите и плановите за новата сезона на клубот од Дебар Маало. Затоа, и нема друга алтернатива освен „романтичарите“ да тргнат со сите сили по три бода на денешниот меч против Пелистер на Националната Арена „Тодор Проески“.
Крилниот напаѓач Флоријан Кадриу најавува дека тимот е максимално мотивиран да го оствари првиот успех во првенството.
„Не го започнавме првенството како што посакувавме, но тоа што е зад нас не може да се врати. Затоа сме максимално фокусирани на денешниот натпревар со Пелистер и ќе сториме сѐ да стигнеме до првата победа. Го респектираме Пелистер, тие се квалитетен тим, но едноставно ние немаме друг избор туку да се бориме за целиот плен. Веруваме во нашите квалитети, треба да ги исполниме задачите на стручниот штаб и да го надиграме Пелистер. Нема да биде лесно, но ако дадеме максимум од можностите, тогаш и нема нешто што е неостварливо. Одиме да освоиме три бода“, најавува Кадриу за официјалниот сајт на ФФМ.
Натпреварот меѓу Работнички и Пелистер се игра од 15:30 часот на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами
