Струга ТЛ по пет победи, денеска во дербито со Шкендија ремизираше 1-1. Тренерот на стружани Бледи Шкемби зборуваше по дербито, анализирајќи ја играта и настаните на теренот.
„Најпрво сакам да им честитам на момците за денешниот натпревар. Тоа беше дерби, и знаевме дека ќе биде многу тешко да се стигне до победа. Не треба да заборавиме дека игравме во ненормални услови, бидејќи имавме само два дена за одмор и подготовка за овој натпревар. Во првото полувреме се забележа заморот, не бевме свежи физички и го немавме нашето најдобро издание.“
„Второто полувреме беше подобро, иако први ние примивме гол. И покрај негативата, ние верувавме и се боревме многу за да израмниме и да победиме. На крајот успеавме само до реми. Што се однесува до поништениот гол, навистина не ја разбрав причината, но тоа се одлуки на судиите и не сакам да ги коментирам“, истакна тренерот на Струга ТЛ.
Бледи Шкемби сега мора да го подготви тимот за понеделник, кога ги очекува ново дерби – гостувањето кај Силекс во Кратово.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













