
Струга Трим Лум и Шкендија останаа непоразени, но повеќе нема екипи со максимален ефект во Првата лига, откако денеска на Градскиот стадион во Струга одиграа возбудливо дерби со реми 1-1.
Фабрис Тамба донесе водство за Шкендија во 53. минута, а Марјан Радески израмни од пенал во 79. Во самиот финиш, во 90. минута, Христијан Малески погоди за стружани, но ВАР проверката го поништи голот поради офсајд.
Во друг натпревар од шестото коло, Тиквеш ја запиша првата победа сезонава. Во Кавадарци, домаќинот го совлада Шкупи со 1-0 благодарение на погодокот на Берат Садик во 27. минута. Кавадарчани имаа многу шанси, но и слаба реализација. Неколку изгледни можности не реализираа Ивановски, Миловановиќ, Стојанов…
Со овој пораз, Шкупи останува единствената екипа без освоен бод во шампионатот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
