
Во „Куќата на фудбалот“ со извлекување беа одредени двојките за 1/8 финалето од Купот на Македонија.
Актуелниот бранител на трофејот, екипата на Вардар, за противник го доби тимот на Новаци.
Тетовска Шкендија ќе се соочи со Тиквеш, а Македонија ЃП со ланскиот финалист, Струга Трим Лум. Работнички ќе се сретне со Брегалница.
Локално дерби ќе се одигра на стадионот „Младост“ во Струмица, Беласица за противник го доби Детонит Плачковица.
1/8 финале (еден натпревар), Куп на Македонија (термини, 24.09.2025 или 29.10.2025)
Македонија ЃП – Струга Трим Лум
Охрид Лихнидос – Шкупи 1927
Вардар – Новаци
Башкими 1947 – Силекс
Шкендија – Тиквеш
Работнички – Брегалница 2008
Шкендија Арачиново – Пелистер
Беласица – Детонит Плачковица

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
