Connect with us

Зубименди двоен стрелец, Арсенал лесно го победи Нотингем Форест (ВИДЕО)

Арсенал славеше со 3-0 против Нотингeм Форест во воведниот меч од новото коло во Премиер – лигата. „Топчиите“ немаа милост кон дебитантскиот настап на новиот менаџер на гостите, Анге Постекоглу, кој го замени Нуно Еспирито Санто.

Херој на натпреварот беше Мартин Зубименди, кој постигна два гола. Тој го отвори резултатот во 32. минута со фантастичен волеј, а во 79. минута со удар со глава ја затресе мрежата и ја потврди убедливата победа.

На самиот старт од второто полувреме, во 46. минута, Виктор Ѓокереш се запиша во листата на стрелците по асистенција на Езе.

Сепак, мечот донесе и проблеми за Микел Артета – капитенот Мартин Одегард мораше да го напушти теренот уште во 18. минута поради повреда на рамото.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови