Шест натпревари од четвртото коло во Втората МФЛ се на програмата денеска од 15.30 часот. Најинтересно се очекува да биде во Кочани каде гостува Скопје.
Брегалница ќе игра дома против Новаци, а ако штипските „сини“ победат, ќе останат на врвот на табелата.
Шкендија А не би требало да има проблем со екипата на Горно Коњари, која досега нема освоено ниту еден бод и на три натпревари прими дури 16 голови.
Денеска се играат и натпреварите Кожуф – Преспа, Победа – Охрид и Вардар Неготино – Саса.
Утре се среќаваат Тетекс – Слога Виница на Градскиот стадион во Тетово, како и Беласица – Детонит.
ДВОЈКИ ВТОРА ЛИГА, 4.КОЛО (денеска, 15:30 часот)
Брегалница – Новаци
Кожуф – Преспа
Осогово – Скопје
Победа – Охрид
Шкендија Арачиново – Горно Коњари
Вардар Неготино – Саса
Утре (15:30 часот)
Тетекс – Слога Виница
Беласица – Детонит
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













