Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, е прогласен за најдобар менаџер во англиската Премиер – лига за месец август. Холандскиот стратег ја доби наградата благодарение на одличниот старт на неговиот тим, кој оствари три победи во првите три натпревари и е единствениот со максимален број бодови.
„Црвените“ постигнаа вкупно осум погодоци – повеќе од сите останати екипи во лигата – и ги совладаа Борнмут (4-2), Њукасл (3-2) и Арсенал (1-0). Со овие резултати, Ливерпул уште на самиот почеток ја потврди својата амбиција да се бори за шампионската титула.
Ова е второ вакво признание за Слот, откако првпат беше избран за менаџер на месецот во ноември 2024 година, во својата дебитантска сезона во Англија.
За најдобар играч за август во Премиер – лигата е избран Џек Грилиш, кој игра како препороден во дресот на Евертон. Тој веќе забележа четири асистенции на досегашните натпревари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













