Connect with us

Македонија ги дозна потенцијалните ривали во следното издание на Лигата на нации

Познати се потенцијалните противници на фудбалската репрезентација на Македонија во следното издание на Лигата на нациите (сезона 2026/27). Како и досега, победниците во групите ќе имаат дополнителна можност да се пласираат на Европското првенство 2028 преку плејоф, доколку не обезбедат билет во регуларните квалификации.

Македонија ќе игра во Лига „Б“ и ќе биде сместена во четвртиот шешир на ждрепката, која ќе се одржи на почетокот од 2026 година. Натпреварите во групната фаза се закажани за периодот од 23 септември до 16 ноември 2026 година.


Плејофите за промоција и четвртфиналните дуели во Лига А ќе се играат од 25 до 30 март 2027 година. Финалниот турнир во Лига А е предвиден за 7 до 15 јуни 2027 година, а баражите за промоција од Лига Д во Лига Ц ќе се одиграат во март 2028 година.

Лига А

Шешир 1: Португалија, Шпанија, Франција, Германија

Шешир 2: Италија, Холандија, Данска, Хрватска

Шешир 3: Србија, Белгија, Англија, Норвешка

Шешир 4: Велс, Чешка, Грција, Турција

Лига Б

Шешир 1: Шкотска, Унгарија, Полска, Израел

Шешир 2: Швајцарија, Босна и Херцеговина, Австрија, Украина

Шешир 3: Словенија, Грузија, Ирска, Романија

Шешир 4: Шведска, Македонија, Северна Ирска, Косово

Лига Ц

Шешир 1: Исланд, Албанија, Црна Гора, Казахстан

Шешир 2: Финска, Словачка, Бугарија, Ерменија

Шешир 3: Белорусија, Фарски Острови, Кипар, Естонија

Шешир 4: Гибралтар/Латвија, Луксембург/Малта, Молдавија, Сан Марино
(*победници од наведените двојки)

Лига Д

Шешир 1: Азербејџан, Литванија

Шешир 2: Гибралтар/Латвија, Малта/Луксембург, Лихтенштајн, Андора

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови