Connect with us

Матиќ: Доволно се одморивме и трениравме, време е за првенство

Најтрофејниот македонски клуб Вардар сезонава има амбиции за двојна круна. Тоа го покажува не само однесувањето на тимот, туку и засилувањата кои летово пристигнаа, како и игрите и резултатите што Вардар ги постигнува.

По репрезентативната пауза, Вардар на свој терен ќе ја пречека Македонија ЃП. Локалното дерби е на програмата вечерва, со напомена дека „црвено-црните“ во моментов се на врвот на табелата со 10 бода, додека Македонија ЃП по трите порази во низа конечно успеа да освои бодови и да се помести од „мртва точка“.

„Конечно се враќа првенството по репрезентативната пауза. Доста е одмор, што се вели. Се ресетиравме, трениравме добро и време е за првенство. Вечерва нè очекува тежок натпревар, затоа што не само Македонија ЃП, туку секој што доаѓа на Арената сака да го победи Вардар. Сите се мотивирани до максимум. Ние го знаеме тоа и нас тоа нè мотивира уште повеќе. Немаме намера на домашен терен да правиме нови киксови. Целиме кон три бода и продолжување на позитивната серија“, изјави Мислав Матиќ.

Натпреварот меѓу Вардар и Македонија ЃП е закажан од 19 часот на Арената „Тодор Проески“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови