
Во таборот на Македонија ЃП пред репрезентативната пауза ја направија можеби најважната работа сезонава, ја прекинаа серијата порази на стартот на Прва МФЛ и освоија бодови против Пелистер на домашен терен.
Сега, откако домашниот шампионат се рестартира, Македонија ЃП доаѓа на Арената на дуел со Вардар. Се знае што значи тоа, мотивација до небо за младите фудбалери на „лавовите“, но и респект кон противникот кој во моментов е на самиот врв на табелата.
„Нормално е што сме мотивирани до максимум. Вардар е мотивација сам по себе. Вечерен термин на Арената, публика… Кој не би сакал да биде дел од овој меч? Вардар е фаворит, но само на хартија. Далеку од тоа дека ние ќе го прецениме противникот. Знаеме што можеме, Македонија ЃП има квалитет да му се спротивстави на секого. Конечно го скршивме мразот против Пелистер и сега само треба да продолжиме понатаму во шампионатот. Имаме капацитет и квалитет да го изненадиме Вардар вечерва“, изјави Мухамед Елмас.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
