Connect with us

Пелистер остана без Мирко Ивановски поради повреда

Македонскиот прволигаш Пелистер остана без својот најдобар фудбалер, напаѓачот Мирко Ивановски. Како што извести битолскиот тим, тој заработил повреда која ќе го оддалечи од теренот.

„Нашиот напаѓач Мирко Ивановски заработи микро руптура на левиот лист и извесен период ќе биде надвор од терените“, соопштија од ФК Пелистер.

Пелистер во петтото коло од Првата лига в недела од 19 часот на домашен терен ќе го пречека составот на Арсими.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови