
Башкими зад себе го остави тешкиот пораз од Струга Трим Лум (0-5) и со убедлива победа од 4-0 против Победа како гости, во рамките на 1/16 финалето на Купот на Македонија, го подигна оптимизмот пред натпреварите во Прва МФЛ.
Кумановскиот тим денеска ќе гостува кај Шкендија во Тетово, а овој натпревар ќе има посебно значење за капитенот Арменд Алими, кој својата кариера ја започна токму во Башкими, а потоа подолг период беше дел од тетовските „црвено-црни“.
Алими истакна дека враќањето во Тетово секогаш буди посебни емоции за него, бидејќи настапува против клуб во кој поминал речиси половина од својата кариера и кој, како што вели, секогаш ќе има посебно место во неговото срце.
Капитенот нагласи дека екипата имала доволно време да се опорави и да ги анализира грешките од поразот против Струга ТЛ, додавајќи дека атмосферата во тимот е позитивна и дека очекува квалитетен настап во дербито.
„Влегуваме во секој натпревар со цел да освоиме три бода, исто ќе биде и во Тетово. Сепак, свесни сме дека играме против силен противник и дека дури и нерешен резултат би бил прифатлив за нас“, изјави Алими.
Тој потенцираше дека Шкендија е тим со голем квалитет и капацитет, без изразени слабости, но дека фокусот на Башкими е ставен на сопствената игра и на начинот на кој ќе му пристапат на натпреварот.
Натпреварот од петтото коло во Првата лига, меѓу Шкендија и Башкими, ќе се одигра денеска, на стадионот во Тетово, со почеток во 15:30 часот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
