
Ханси Флик сака да му даде нов импулс на нападот на Барселона и како главна цел ја посочил турската сензација на Јувентус, Кенан Јилдиз. Германскиот стратег е убеден дека 20-годишниот напаѓач може да биде клучното засилување за проектот на „Камп Ноу“.
Флик верува дека Јилдиз е дури и талентиранo понапреден од Арда Ѓулер, кој настапува за Реал Мадрид, а неговата брзина, физичка сила и умешност во завршницата го прават совршен профил за визијата на германскиот тренер. Турскиот репрезентативец поседува и флексибилност – може да игра како крило или втор напаѓач, што дополнително го прави привлечна опција.
Претседателот Жоан Лапорта е убеден за идејата на Флик и веќе подолго време го има името на Јилдиз на агендата. Барса гледа во него не само засилување за сегашноста, туку и стратешка инвестиција за иднината.
Сепак, пречка е цената – Јувентус бара најмалку 80 милиони евра за својот бисер, иако неговата пазарна вредност моментално се проценува на 50 милиони. Каталонците се свесни дека пазарот е напумпан, но исто така знаат дека играч со таков потенцијал може да се покаже како исплатлива инвестиција.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
