Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година загуби од Италија со 0-1 во Битола, во вториот меч од квалификациите за ЕП 2027.
Италија остана со играч помалку во 25.минута, но десет минути „аѕурите“ постигнаа и водечки гол преку Лука Маријанучи.
„Очекувавме тежок натпревар и така и се оствари, против Италија која е фаворит во групата. На почетокот влеговме со голем респект кон противникот. Така беше во првите 25 минути, а потоа се опуштивме и игравме подобро. Во второто полувреме бевме многу подобри, создававме шанси, имавме шутеви, но за жал не постигнавме гол. Им честитав на момците. Примивме “италијански” гол, а потоа имавме и подобри шанси за израмнување, но не погодивме. Би сакал да се заблагодарам на навивачите кои дојдоа во голем број да нѐ бодрат и на градот Битола за комплетното гостопримство”, изјави селекторот Горан Станиќ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот













