Connect with us

Спектакл во Битола: Младите фудбалери на мегдан со Италија

Во Битола вечерва се очекува вистински фудбалски спектакл. Младата македонска репрезентација до 21 година под рефлектори на стадионот „Петар Милошевски“ ќе ја пречека Италија во квалификациски натпревар за пласман на Европското првенство.

Ова е првпат на легендарниот битолски стадион, некогаш познат како „Под Тумбе Кафе“, да светнат рефлектори за натпревар на младинска репрезентација. Градот со нетрпение го очекува мечот, а стадионот се најавува како идната база на младата селекција, од каде потекнуваат бројни македонски фудбалски имиња кои оставиле траен белег и во националниот тим.

Младите македонски фудбалери со пораз од Полска (3-0) во Краков го започнаа новиот квалификациски циклус за ЕП 2027. Селекторот Горан Станиќ нагласува дека грешките се анализирани и дека тимот е подготвен за новиот предизвик против фаворитот во групата.

„Полска е зад нас, ги идентификувавме слабостите и ќе се потрудиме да не се повторуваат против Италија. Имавме и неколку позитивни моменти во мечот со Полска – бевме израмнети во поседот на топката, но ни недостасуваше завршница. Италија е поразлична селекција, играат друг систем, се многу тактички подготвени и на високо ниво. Мораме да внимаваме на нивните брзи крила“, изјави селекторот Горан Станиќ.

Натпреварот меѓу младите селекции на Македонија и на Италија до 21 година, започнува вечерва во 18:15 часот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови