Домот на фудбалер на украинската репрезентација е меѓу погодените по најновиот масовен напад на руската армија. Изминатата ноќ во Киев бил погоден и целосно уништен станот на играчот за врска Георгиј Судаков, кој настапува за Бенфика.
Фудбалерот не бил таму, бидејќи моментално е на подготовките со украинската репрезентација во Полска заради светските квалификации.

Во станот, вообичаено, живеат неговата сопруга (бремена во осмиот месец), ќерката и мајката. За среќа, тие се спасиле бидејќи по вклучувањето на сирените за опасност го напуштиле местото и се засолниле во скривница.
„Жената ми, мајка ми и ќерка ми беа таму“, напиша Судаков на Инстаграм.

Фудбалерот беше стартер за Украина во квалификацискиот натпревар против Франција (0-2) пред неколку дена.
Руската агресија во текот на ноќта вклучуваше напад со 800 дронови и 13 ракети, при што животот го загубија две лица.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ гостува кај омилената жртва













