Oсман Дембеле неочекувано ги зголеми грижите на Пари Сен Жермен. Францускиот репрезентативец мораше да го напушти теренот поради повреда во квалификацискиот натпревар за Светското првенство против Украина (0-2), само 12 дена пред стартот на Лигата на шампионите.
Крилото на ПСЖ влезе во игра на почетокот на второто полувреме, но издржа помалку од 35 минути. Со болка во задната ложа на десната нога, Дембеле поткривнувајќи замина кон клупата, оставајќи го селекторот Дидие Дешамп видливо фрустриран и бесен.
Ситуацијата е уште поалармантна ако се знае дека 27-годишниот офанзивец оваа недела тренирал само делумно со националниот тим, токму заради претходна болка.
ПСЖ го отвора настапот во групната фаза на ЛШ на 17 септември дома против Аталанта, а веќе на 1 октомври следува гостување против поранешниот клуб на Дембеле, Барселона. Првичните проценки велат дека тој ќе паузира меѓу пет и седум недели.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ гостува кај омилената жртва













